Го навреди, па чекаше да влезе во ринг и му се одмазди: Доби боксови кои ќе ги запамети цел живот (ВИДЕО)
УФЦ ѕвездата Дерик Луис, кој важи за еден од најдобрите во тешка категорија, реши добро да го научи противникот дека не е убаво да се зборува и навредува зад грб.
Луис мудро го чекаше во салата, а кога влезе противникот во ринг, брутално го прегази. Како што и самиот вели, причина за големиот револт биле неколкуте навреди од страна на противникот.
Кога боксери ќе речат дека ќе ме нокаутираат само затоа што јас сум ММА борец, а потоа доаѓаат во мојата салата и ме навредуваат – тогаш сум многу опасен, истакна Луис.
Боксерот доби неколку навистина жестоки удари што можат да се забележат на видеото. Откако го нокаутираше, тој продолжу да удира по него како во боксерска вреќа.
When a boxers said he will knock me out because I’m a mma fighter pic.twitter.com/EjSeudMeQM
— Derrick Lewis (@Thebeast_ufc) December 19, 2019
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа