Трагедија: Почина актерката и режисерка Милијана Ленак
Основачката на скопскиот Буден театар, кој креираше претстави за деца, актерката и режисерката Милиана Ленак почина вчера на 41 годишна возраст, објави „А1ОН“.
Ленак беше и на чело на Меѓународниот детски театарски фестивал Фенер, чие шесто насловено „Деца во премин“ почна завчера, а завршува денеска.
Милиана Ленак (Додевска) дипломирала на театарската академија Крсто Сарафов во Софија. Имаше постдипломски студии по режија од Меѓународната школа на ФАМУ во Прага.
21.12.2019 - 23:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа