Тажна вест: Почина Академик Ѓорѓи Филиповски, еден од основачите на МАНУ
Академик Ѓорѓи Филиповски, еден од тројцата тројцата основачи на Македонската академија на науките и уметностите почина денес на 100 години, prenesuva „СДК.мк“
Академик Филиповски, заедно со академиците Блаже Конески и Харалампије Поленаковиќ, биле тројцата членови на првата комисија задолжена за формирање на МАНУ. Институцијата е основана на 23 февруари 1967, а прв претседател бил Конески.
Академик Филиповски важи за основоположник на современите педолошки истражувања во земјава. Неговите најзначајни активности од наставно-научната и општествена дејност се и сведоштво за почетоците на формирањето на првите високообразовни институции во земјава како Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Земјоделско-шумарскиот факултет, МАНУ.
Во мај годинава, МАНУ со голема свеченост ја одбележа 100-годишнината од неговото раѓање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа