Николовски со телеграма со сочуство до семејството на проф. д-р Ѓорѓи Филиповски

 

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски упати телеграма со сочувство до семејството, пријателите и почитувачите на делото на професор д-р Ѓорѓи Филиповски.

"Со голема тага ја примив денешната тажна вест. Изразувам искрено жалење и сочувство до семејството и пријателите за загубата на Ѓорѓи Филиповски, татко, сопруг, професор, основач на МАНУ, прв Ректор на УКИМ, голем човек и мој пријател. Сочувствувам со Вас и вашата болка. Заминувањето на Филиповски во вечното почивалиште е загуба за сите нас и за македонската наука.

Нашата држава загуби врвен професионалец, основач на МАНУ, прв Ректор на Универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје и прв Декан на Факултетот за земјоделски науки и храна, темелник на македонската наука и истакнат член на академската заедница.

Се надевам дека ќе најдете сила и утеха во значајноста на делото што го остави зад себе на полето на образованието и науката.

Неговото дело останува трајна вредност, патоказ и мотив за сегашните и идните генерации" стои во телеграмата на генералниот секретар Љупчо Николовски, соопшти СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2019 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега