ВИДЕО: Изгоре луксузна јахта која му припагаше на популарниот пејач- вредеше 7 милиони долари

 

Луксузната јахта што му припаѓаше на пејачот Марк Ентони (51) беше запалена и превртена, потврди „Фокс њуз“. Во моментот на несреќата јахтата долга 36 метри била закотвена во марина во Мајами.

Пејачот не бил внатре и потврдено е дека никој од персоналот не бил повреден.

„Сите се на безбедно“, потврди ПР-тимот на Марк.

Јахтата која целосно изгоре се проценува на околу 7 милиони долари и дури 40 пожарникари излегле на терен за да ја спречат катастрофата.

Пејачот често приредувал забави на јахтата, која можела да прими 12 лица. Покрај луксузните соби, таа располагала со базен, пристаниште за неколку џет-скии, скара.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2019 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега