ВИДЕО: Се обиде да ограби бензиска, а храбрата продавачка со „џогер“ го избрка

 

 

 Храбрата вработена во бензинска пумпа се одбрани со џогер од разбојникот , кој се обидел во саботата да ја ограби продавницата во рускиот град Об.

Крадецот вооружен со телескопска палка и спреј го нападнал чуварот, кој избегал. Снимките од надзорната камера покажуваат дека крадецот со спреј го испрскал чуварот, а потоа побарал пари.

Но, наеднаш се појави вработената со џогер во рацете, која го избркала крадецот кој сепак успеал да украде околу  7000 рубли, пренесуваат руските медиуми.

Полицијата објави снимка од надзорната камера и издаде налог за апсење за разбојникот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2019 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега