„Ма каква дрога, тоа е шеќер“- Аца Лукас се обиде да се оправда за фотографијата која протече во јавност

 

Пејачот Александар Вуксановиќ попознат како Аца Лукас ја прокоментира фотографијата која кружи на социјалните мрежи на која тој лежи а покрај него стои кесичка со бела прав.

Пејачот на фотографијата е без маица, собата е осветлена со силно сонце па веројатно истата е настаната неодамна.

-Фотографијата настана неодамна на шега со другарите. Каква дрога, тоа е шеќер! Ние се зае*ававме, но некој сега тоа го злоупотребил од не знам каква причина. Зарем мислите дека после се што направив во животот би дозволил себе си нешто вакво? Ни кога тоа го правев не сум дозволувал да излезат фотографии во јавноста. Ме боли уво и немам за што да се правдам, порачува фолкерот во изјава за српските медиуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега