Камионџија од Ирска со „големо срце“: Застанал и спасил девојка да се самоубие

 

Ирски камионџија стана херој поради брзото размислување и спаси девојка која сакаше да скокне на коловозот.

Драма на патот близу Даблин е снимена во петокот вечер.

Млада жена сакала да скокне од мост, а кога возачот видел што ќе се случи, застанал.

Под објавената фотографија е наведено дека таа седела на оградата, а одоздола стоел камионот со вклучени 4 жмигавци, а луѓе и се доближиле на девојката и ја одвратиле од намерата да скокне.

„Не носат сите херои наметка. Ова не е период од годината кога треба да размислувате да си го одземете животот, зборувајте со некого. било кого, ве молам“ напишал човекот кој ја објавил фотографијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега