ФОТО: Русинка не ги издепилирала влакната на телото 8 години - дури и на својата свадба се појавила влакнеста

 

Катарина Хендрик, 28-годишна девојка од Русија раскажала дека почнала да се депилира уште како 12-годишна девојка затоа што ужасно се срамела од своите влакна, а потоа, осум години подоцна, заклучила дека  тоа е Сизифова работа.

Хендрикс во 2011  година престанала да користи бричеви и. Сега се чувствува посолободно од било кога, а не потклекнала дури ни на сопствената свадба. Нејзината мајка на почетокот се противела и својата ќерка ја нарекувала „одвратна“, но после седум години се помирила со нејзиниот избор.

Катарина добивала разни коментари за својот изглед поради влканата и од блиските и од непознати луѓе на улица.

Нејзиниот сопруг како што вели не е љубител на женски влакна, но својата сакана сепак ја прифатил таква каква што е и ја прифатил нејзината одлука. За време на овие години Хендрикс заклучила дека влакната на женското тело повеќе им пречат на жените отколку на мажите.

Нејзината цел е да им покаже на жените дека имаат право да изгледаат онака како што сакаат без притисок од она што друштвото го смета за убаво.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега