Пере со емотивна порака за Ацо Конга: Стари, сè уште го одржувам бендот

 

Поранешниот фронтмен на групата „Нокаут“, Никола Перевски – Пере, напиша емотивна порака на социјалните мрежи по повод шестгодишнината од смртта на неговиот колега и добар пријател Ацо Богдановски – Конга, кој исто така беше дел од бендот.

„Огромна чест е што те познавав, што дружевме, што соработував со тебе, што направивме нешто што после 23 години сè уште трае, прераснува во нешто посериозно како идеологија, став на „Нокаут“. Сè уште го одржувам бендот и вреди Ацо. А, тоа што вреди секогаш смета и е трн во око. Така ми зборуваше тогаш, ама бев многу млад и не те разбирав до крај што сакаше да ми кажеш. Сега веќе разбирам. Стари, знам дека се гледаме на друго место во друго време“, напиша Пере.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2019 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега