Ограбил банка, па излегол на улица и почнал да ги фрла парите во воздух викајќи „Среќен Божиќ

 

Маж со бела брада и бркови ограбил банка во Колорадо, а потоа излегол надвор и почнал да ги фрла парите во воздух, пренесува ББС.

Полицијата пренесува дека тој ја ограбил банката два дена пред божиќ, во понеделникот на пазуа за ручек.

Очевидци велат дека  ја ограбил банката, излегол на улица па почнал да фрла пари во воздух извикувајќи „Среќен Божиќ“.

Потоа отишол до најблиското „Старбакс кафе“ седнал пред него и чекал да пристигне полицијата за да го уапси.

ББС наведува дека минувачите ги собрале парите од улицата и ги вратиле назад во банка.

Осомничениот е идентификуван како Оливер Вејн, 65 години и навеле дека нема индукција дека имал помош во грабежот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега