Зорица Брунцлиќ не планира да ја менува бојата на косата, а вели дека има добра причина за тоа

 

Зорица Брунцлик и тоа како е препознатлива поради специфичната боја на коса. Пејачката истакна дека не ни помислува на тоа да ја промени косата, а открила и дека има добра причина за тоа.

„Не, сигурно! Ниту еден момент не помислив да ја променам, затоа што сум оргинална, автентична и единствена, тоа е сосема доволно да останам до крајот на животот“, истакнала таа во „Премиера“.

Инаку, што се однесува до Зорица, проблем со суетата имаат само оние естрадни уметници кои не се задоволни со своите достигнувања.

„Мислам дека само успешните луѓе не се суетни и тоа нема врска колкава ѕвезда е некој или не е… Можете да бидете остварени, зависи со што сте задоволни“, рекла таа, па додала дека младите колеги не ја прашуваат за совет, туку дека е обратна ситуацијата.

„Тие сите се родиле со факултет! Ја нив ги прашувам за совет, искрено кажано, како да ја одржам линијата…“

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега