Преку ден е син на претседател, а навечер девојка која жари и пали - фотографија од инаугурацијата кажува се
Синот на новиот аргентински претседател Алберт Фернандез на инаугурацијата на својот татко се појавил со свечено одело, но медиумите забележале марамица која му висела од џебот - марамче со боите на виножитотот. Естанислао Фернандез уште еднаш ја изразил својата поддршка за ЛГБТ заедницата, како и неговиот татко.
Тој во Аргентина е популарна драг кралица која настапува под името Дизи. Минатиот месец се појавил на насловните страни на медиумите како учесник на големата Парада во главниот град на кој имало околу 300.000 луѓе, а потоа својот став уште еднаш го покажа на инаугурацијата на татко му.
Неговиот татко во јуни во интервју за едно радио рекол дека е горд на својот син и дека апсолутно го поддржува.
„Би бил загрижен ако син ми е криминалец, но тој е прекрасен човек“, рекол аргентинскиот претседател и додал дека Естанислао е една од најкреативните личности кои ги познава.
Естанислао вели дека не се разликува по ништо од секој друг граѓанин на светот: „Плаќам стан, имам долгови, кредити, обврски, работа...“
Веќе три години е во врска со девојката Наталија. Таа е фотограф, тату мајстор и уметник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа