Наставничка за медал: Го искористила своето тело за учениците да научат анатомија
Некои професори и наставници навистина ќе направат се само своите ученици да ги заинтересираат за учење.
Тоа го сторила и една наставничка од Шпанија која на своите ученици на вистински сликовите начин се обидела да им ја објасни анатомијата на човечкото тело.
Упорната наставничка на час се појавила во специфичен костим направен специјално за таа прилика и веднаш станала хит на социјалните мрежи.
43- годишната Вероника Дуке како наставничка работи 15 години, во моментов им предава на ученици од трето одделение. Вероника била посебно инспирирана на часот на кој предавала за човечкото тело. Идејата ја добила кога на интернет го видела невообичаениот костим за капење.
-Знам дека на децата им е тешко да ја визуализираат положбата на внатрешните органи во телото, поради што помислив дека е вредно да се обидам подобро да им го објаснам тоа, истакнала Вероника.
Фотографиите од часот на кој Вероника се појавила во костим на кој се гледале сите внатрешни органи на социјалните мрежи ги објавил нејзиниот воодушевен сопруг Мајкл.
Овој потег на Вероника добила илјадници позитивни коментари на социјалните мрежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа