Не секој може да добие швајцарски пасош: Косовец одбиен поради банална причина

 

Косовски граѓанин не можел да добие државјанство во Швајцарија поради начинот на облекување. 

Властите во оваа земја се строги за доделување на државјанство. 

Искуството на еден косовски граѓанин покажува дека на таа одлука влијае и начинот на облекување, објави „Б92“.

 

Граѓанскиот совет на Бубендорф немал ниту една причина да го отфрли барањето за добивање на државјанство кое го поднел Хамди Халили, но сепак тие одлучиле дека тој нема да земе државјанство, пишува швајцарски „Блик“.

Барањето на овој човек е одбиено по вторпат.

Првпат барањето му е одбиено во 2016 година, со необичното објаснување дека на „граѓаните им пречи што Халили низ градот се шета во долен дел од тренерки“.

Кантоналниот суд, каде се жалел, одлучил дека одбивањето на барањето за државјанство е недоволно образложено. Потоа на општината ѝ наложоле потворно да го загледа неговиот случај.

Синовите и сопругата на Халили веќе имаат швајцарско државјанство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2019 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега