Концертна промоција на албумот „Bedtime Stories“ од скопскиот рок состав „Lincoln Letter“

 

Рок групата „Lincoln Letter“ ќе одржи концертна промоција на својот деби албум „Bedtime Stories“, во денсинг салата во МКЦ на 29 декември во 20 часот, со бесплатен влез за сите посетители.

- „Ќе излажеме ако кажеме дека не сме возбудени пред нашиот прв самостоен концерт. Промоцијата на албумот е настан кој уште од почетокот на бендот ни бил една од главните цели и радости. „Bedtime Stories“ е нашиот прв албум и со нетрпение чекаме конечно да го споделиме со публиката и да ги чуеме нивните реакции, бидејќи до последен момент го работевме со сите наши креативни потенцијали. Ветуваме дека ќе е многу гласно“, вели фронтменот на групата, Јаков Наумоски, јави РадиоМоф.

Јаков Наумоски, Јулијан Мицевски, Борјан Гаговски и Стефан Сајковски ќе овозможат да се слушне целиот албум во живо.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2019 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега