„Нешто умре во мене тој момент“ - дента кога Дајана го родила принцот Хари се случила трагедија за која сите молчеле
Принцот Хари доби син, а британските таблоиди се преполни со детали за породувањето на неговата сопруга Меган.
Кралското семејство е најпопуларна институција во Велика Британија, па денеска медиумите, меѓу останатото, се распишуваа за целото семејство на новопечениот татко, но и за неговото раѓање во септември, 1984-та година.
Хари се родил како втор син на принцот и принцезата од Велс, која во тој момент била омилената жена во Велика Британија.
Неколкупати принцезата Дајана изјавила дека периодот од бременоста со Хари ѝ бил најубав во животот и дека тие неколку месеци била пресреќна со Чарлс.
Сепак, според пишувањата на медиумите, идилата спласнала штом се родил Хари. Наводно принцот Чарлс после Вилијам сакал девојче, па бил разочаран кога пристигнал во болницата.
-Ох, па тоа е повторно момче… И црвенокос е, рекол разочарано Чарлс, со што целосно ја скршил Дајана.
-Нешто во мене умре тој момент. Хари дојде во веќе разорен брак и се одеше на полошо - открила подоцна Дајана.
Принцот Хари бил многу поврзан со мајка си и тешко ја поднел нејзината смрт во 1997-ма година.
И денес често ја споменува, а вчера му оддаде почит и на нејзиното семејство, кога за раѓањето на својот син, меѓу првите ги известил нејзините две сестри и братот, грофот Чарлс Спенцар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа