Храната на масата за Нова Година има своја симболика - што не треба да ставите на трпезата
Поставувањето на богата новогодишна трпеза нема за цел само да не нахрани, туку секое јадење треба да биде внимателно одбрано затоа што со себе носи одредена симболика, среќа, напредок, благосостојба. Покрај веќе традиционалната руска салата, свинското месо, зелката салата и тортите, на трпезата би било убаво да се најде и роба и грозје.
Еве зошто токму тие намирници:
Грозје
Грозјето пред се е симбол на здравје и силина, па се препорачува да изедете точно 12 зрна грозје, за секој месец по едно, за во претстојната година секој месец да бидете здрави.
Риба
Со оглед на тоа дека за време на новогодишната ноќ трае постот, рибата би треблао да се најде на вашата трпеза. Покрај тоа, таа симболизира непречено движење, движење без препреки, па наговестува и лесна година во која сите работи ќе „пливаат“.
Свинско месо
Свинското месо симболизира изобилство и богатство.
Зелка салата
Поради својата зелена боја симболизира хармонија на природата и добра среќа како и долговечност.
Торта
Поради самата своја структурра која содржи многу шеќер, тортата е симбол на страст. Потрудете се тортата да биде од што побогати состојки за во претстојната година да имате повеќе сласти.
Она што никој не го препорачува на новогодишната трпеза е месо од пердувести животни, затоа што тие имаат крилја, па симболизираат среќа која напушта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа