ВИДЕО: Бебе се гушело, родителите панично влегле во полициска станица - полицаец херој успеал да го спаси

 

Вознемирен брачен пар влетал во полициска станица во Перту, Австралија, затоа што 8-месечното бебе им се гушело.

Бебето во грлото имало храна заглавена и не можело да диши.

Штом полицаецот Џејсон Ли тоа го видел, истрчал во ходник и го земал бебето во раце.

Внимателно го удрил детето неколку пати по грбот и така му помогнал.

После тоа им покажал на родителите како да го сторат тоа доколку се повтори нешто слично.

Како што демонстрирал, детето треба да се држи со една рака надоле и да се удира по грбот.

Се траело околу две минути, но родителите ја напуштиле станицата со големо олеснување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.01.2020 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега