Утре е голем празник- Никако не позајмувајте пари на никого
Утре на 2 јануари, според верскиот календар е „Свети Игнат“. Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка.
Според народното верување од овој ден започнува да расте денот. Во народот постои верување дека она што ќе правите и ви се случува денеска, ќе го правите и ќе ви се случува цела година.
Значи каков ви е денот на 2 јануари таква ќе ви биде и годината.
Вистинските бадникови и божиќни обичаи почнуваат на овој ден и затоа во некои делови на Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот, таква ќе биде и годината за семејството.
Во минатото постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.
Се верува дека на овој ден не е добро ниту да позајмувате некому пари, за да не ви одат парите од куќата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа