Српската естрада со огромна заработка за новогодишната ноќ- Дино Мерлин и Чолиќ најплатени
Пејачите за новогодишните настапи секогаш добиваат вртоглави суми, а оние најплатените главно настапуваат во Белград.
Лепа Брена (59) настапи пред Народното собрание на Република Србија и, според „Курир“, добила 45000 евра. Маја Беровиќ (32), која минатата година настапила во Спаладиум Арената, заработила 60 000 евра.
Александра Пријовиќ (24) и Марија Шерифовиќ (35) настапиле во луксузни хотели и заработиле речиси исто како Брена.
Аца Лукас (51) е во тој ранг, и за неколку часови пеење добил 48 000 евра. Исто толку заработил и Ацо Пејовиќ (47). Цеца која сцената ја делеше со Слоба ќе биде побогат за 80 000 евра, а Аца Пејовиќ 50 000 евра.
Сепак, во оваа група најмногу заработија Здравко Чолиќ (68), кој пееше во Будва, и Дино Мерлин (57), кој беше во Скопје. Секој од нив доби по 100 000 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа