Ја уби ќерката на Витни Хјустон ставајќи ѝ ја главата во када со студена вода - Ник Гордон пронајден мртов
Ник Гордон, кој е осуден за смртта на својата девојка Боби Кристина Браун, ќерка единка на поп-легендата Витни Хјустон, пронајден е мртов, рекол во средата неговиот адвокат за Франс Прес.
Адвокатот на Ник Гордон не сакал да ги открие околностите за смртта на својот клиент.
„И покрај сите искушенија со кои Ник во последните години се бореше, можам искрено да кажам дека многу се трудеше да остане со крената глава и трезен, и дека искрено пред се сакаше да живее во среќа и здравје со семејството“, рекол тој.
Весникот Дејли Меил пишува дека Гордон починал после низа срцеви удари кои ги добил на Нова Година кои биле последица од предозирање.
Да потсетиме, Боби Кристина Браун починала во јули 2015 година на 22. години. Ќерката на Витни Хјустон испила „токсичен коктел“ кој го направил Ник Гордон.
После пиењето на напитокот набрзо изгубила свест. Ник Гордон потоа ѝ ја ставил главата во када со студена вода поради што добила оштетување на мозкот.
Патолозите не можеле да увидат дали станува збор за убиство од невнимание или со предумисла.
Обдукцијата покажала дека Боби Кристина конзумирала алкохол пред смртта, кокаин и марихуана.
Во ноември 2016 година американскиот суд го осудил Ник Гордон со парична казна во износ од 36 милиони долари кои морал да ги исплати на семејството на Кристина.
Витни Хјустон исто така беше пронајдена мртва во хотелска соба во Беверли Хилс во 2012 година, откако претходно се предозриала со дрога.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа