ВИДЕО: Оригинален подарок-м на внуците им купи автобус и стана нивни возач

 

Даг Хејс од Орегон,САД оваа година на внуците им подари посебен подарок.

Изненадувањето го откриле додека се играле во дворот, а откако го видоа големиот ѓолт автобус, беа фасцинирани.

Пет негови внучиња одат во мало приватно училиште кое не моќе да им обезбеди превоз, па затоа секој ден родителите ги развозуваат децата.

-Децата го сакаат училиштето, но сакаат да имаат шанса да патуваат со шклоски автобус, рекол Хејст.

Ннаредната година во училиште ќе тргнат уште неколку деца, па вкупно ќе бидат 10 деца,. Сите ќивеат на 20 минути возење од училиштето, а дедото живее на два километри.

- Ќеправам утринска тура, ќе ги соберам од дома и ќе ги одведам до училиште, а потоа ќе се вратам дома и ќе одам на работа“ рекол тој.

Вели дека е пресреќен што ќе има повеќе време да поминува со своите внучиња.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2020 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега