„Луѓето кои те повредиле, те научиле што значи живот“ - Северина со емотивна порака за Нова Година
Пејачката Северина Којиќ објавила фотографија со синот Александар и сопругот Игор Којиќ на социјалните мрежи, па испратила и емотивна порака.
Старателството над синот го доби нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ, па Северина помина низ тежок период, а сега ги разнежни следбениците.
„Што ќе понесеш со себе во Новата година? Не носи со себе товари, понеси можности! Понеси радости, надеж и утеха. Времето поминува и луѓето заминуваат, моментално или засекогаш, но убавите работи засекогаш се паметат. Секогаш носи ги во дното на срцето луѓето кои си ги сретнал, кои ти кажале убав збор, ти подариле насмевка, охрабрување. Сети се на луѓето кои те повредиле, оние кои те научиле што е навистина животот. Не мој да се жалиш дека е уште една година зад тебе, радувај се на убавите денови од годината, радувај се на се што ти дал животот. Колкумина не го дочекале овој ден, ти го дочека! Кажа благодарам, и повтори уште еднаш благодарам! Колку пати и да повториш никогаш не е доволно. Знаеш ли зошто? Затоа што животот е навистина се што имаш!Ѝ, напишала Северина на својот Инстаграм профил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа