Почина младата раперка: Колегите се збогуваат со емотивни пораки

 

21-годишната раперка Лекси Алиџеј починала под се уште неразјаснети околности, а тажната судбина на музичарката ја потврдило нејзиното семејство, како и дискографската куќа.

 
 
 
View this post on Instagram

Hey big head 

A post shared by Lil Lexii (@lexiialijaii) on Oct 29, 2019 at 11:39am PDT

Таа се пробила после соработката со раперката Келани и неколкуте обработки на песни од големи американски ѕвезди, како што се Наса и Дрејк. Минатата година го издаде нејзиниот дебитански албум, а многумина веруваа во нејзиниот талент и успех.

-Луѓето велат да не ги преииспитуваме одлуките на Бога, но во овој момент е многу тешко тоа да не се прави. Зошто токму ти душо? Она што го нарекуваме живот е вистински пекол. Срцето ми е скршено на илјада парчиња, солзите не престануваат да ми паѓаат додека го пишувам ова. Лекси те сакам повеќе отколку што можеш да замислиш - напишала Келани.

Многу музичари се збогувале од неа со емотивни пораки на социјалните мрежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.01.2020 - 08:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега