Внуката на принцезата Дајана се мажи за 32 години постар милионер
Леди Кети Спенсер е во врска со 60- годишниот тајкун Мајк Луис, а врската со него ја криеше во строга тајност, но се чини дека тоа не и оди баш од рака бидејќи во медиумите веќе излезе дека таа треба да го изговори судбоносното „ДА“.
Мајкл ја запросил пред празниците, а веста се прошири со брзина на светлината.
Датумот на веччавка на внуката на покојната британска прринцеза Дајана со контровезниот тајкун кој е постар од нејзиниот татко се уште не е познат.
Според медиумите, веридбата со Ммајк целото семејство добро ја прифатило.
„Беше во Кејптаун за празниците и веднаш им се јави на сите за да ја соопшти добрата вест.Сите го сакаат Мајк, бидејќи и покрај своето богатство тој е многу скромен и ненаметлив“ рекла нејзина пријателка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа