ФОТО: Радост во домот на македонската пејачка - Откри дека е бремена
Македонската пејачка Елена Миленковска го чека првото дете. Оваа радосна вест таа ја сподели на социјалните мрежи вчера, 5 јануари.
„5-ти јануари за мене отсекогаш имал посебно значење. Вовлечена во својот топол дом чекајќи го Бадник со моите најмили, покрај тоа го славевме и роденденот на мајка ми. Од денес е уште повеќе посебен. нека ти е среќен роденденот сродна душо моја, ти благородно, најквалитетно и волшебно суштество. Чест е да се биде твој доживотен партнер и идна мајка на твоето дете“ – напиша Елена на својот профил на Инстаграм, соопштувајќи ги трите радости.
06.01.2020 - 14:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа