ФОТО: Меган Маркл запотена се појави пред камери
По шест недели Меган Маркл и принцот Хари се вратија на официјалните должности.
Нивното прво појавување во новата година беше посетата на Канадската куќа во Лондон бидејќи дел од годишниот одмор заедно со синот Арчи го поминаа во Канада. Меган во оваа пригода носеше комбинација на бои која голем број жени ја одбегнуваат, а медиумите ја нарекоа „350 нијанси кафено“. Интересно е што војвотката од Сасекс која инаку носи брендирана гардероба, овој пат носеше „улична мода“.
Проблем излезе кога на Ејч-енд-Ем блузата почна да се познава дека војвотката се запотила под пазувите. Критичарите на друштвените мрежи заклучија дека такво нешто не смее да им се случува на принцези иако се само луѓе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа