Исплива снимка од лажен атентат на Трамп- се подготвува ли Иран за суров напад (ВИДЕО)

 

Иранската новинарска агенција ФАРС објавила видео во кое се прикажува лажен атентат на американскиот претседател Доналд Трамп и тоа баш во момент кога Техеран се закануваше со „крвна одмазда“ поради убиството на команданотот  Касами Сулејмани.

На видео снимката е прикажана случка од Невада на 5 ноември на која Трамп е одведен од бинатата  поради страв дека некој од публиката има пиштол, а на лажната снимка се гледа како напаѓачот пука во Трамп додека го симнуваат од бината, пишува британски Дејли Меил.

На почетокот на снимката пишува „Доколку САД поичне војна, ние ќе ја завршиме“

На снимката се гледа како напаѓачот пука во Трамп и како продолжува да пука и откако двајца телохранители го одведуваат Трамп од бината, по што сите тројца паѓаат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2020 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега