„Боже помогни ми да го положам испитот“- во остатоците од авионот кој се сруши во Иран пронајдена порака

 

Во остатоци од авионот кој вчера се сруши во Иран е пронајдена порака од еден студент кој го молел Бог да го положи испитот.

Во несреќата настрадаа 176 патнци и членови на екипажот.

Пораката напишана со сино мастило на бел лист хартија се верува дека ја напишал ирански студент.Според наведеното многу студенти се враќале дома после распуст, а патувале со украинската авиокомпанија бидејќи имала поволни цени.

Авионот се срушил 12 минутти после полетувањето, откако според истрагата во леталото избило пожар. Екипажот се обидел да го врати авионот на аеродром, но за жал не успеале во тоа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2020 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега