Нова драма со фудбалерот: Карлеуша се исплашила и повикала полиција
Јелена Карлеуша на Инстаграм објави дека наводно фудбалерот Огнен Врањеш се појавил пред нејзината куќа, па исплашена поради својата безбедност повикала и полиција.
„Обезбедувањето ме извести дека личноста Врањеш О. е виден во автомобил пред куќата. Поради безбедност на моите деца и лична загрозеност, ја известив и полицијата“ напишала Карлеуша.
Потсетуваме дека на почетокот на минатата година во јавноста излегоа експлицитни фотографии од пејачката која наводно му ги испраќала на фудбалерот, а целиот случај заврши на суд.
09.01.2020 - 14:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа