Германија изготви мапа: Каде може да се вработите

 

За сите кои сакаат да се доселат и работат во Германија е подготвена мапа која ќе им помогне. 

На веб-страницата на германската влада има мапа на која се дадени детали каде се најпотребни квалификувани работници во Германија.

Црвената боја ги означува федералните држави каде работниците се најпотребни. Колку е поинтензивна црвената, толку повеќе работници фалат. Се бараат работниците од областа на занаетчиството, техниката и здравството. 

Од 1 март ќе стапи на сила Законот за имиграција за квалификувани работници во Германија. Но, тој освен предности, ќе има и ограничувања. 

 

Професионалците и нивните роднини кои доаѓаат во Германија би требало да добијат поголема поддршка од компаниите кога бараат сместување и спрема институциите.

Земјата сака целосно да го искористи и својот домашен потенцијал за работа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2020 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега