Малчанскиот бербер во затвор: Ќелијата ја дели со уште еден а од една работа посебно се плаши

 

Нино Јовановиќ, познат како „Малчанскиот бербер“ кој на 20 декември ја киндапираше 12- годишната Моника моментално се наоѓа во затворот во Ниш и ќелијата ја дели до уште еден цимер, а стражарите непрестано го надгледуваат.

-Иако побара да биде сам во ќелија, бидејќи се плаши од останатите затвореници, неговото барање не е исполнето.Моментално има цимер со кој добро се сложува. Сепак имајќи во предвид дека се работи за тешок случај, стражарите често го надгледуват- вели извор упатен во случајот и додава дека монструмот од време на апсењето се однесува ладнокрвно и мирно и воопшто не изгледа вознемирено.

Се однесувал како да не извршил никакво злосторство.

- Изгледа како да не се кае. Не одбива храна, редовно јаде, спие нормално и нема посебни барања. Поради повреда на зглобот ставена му е лангета и се движи поспоро. За време на шетање на која има право, воглавно е покриен и оди со спуштена глава- вели изворот.

Откако бил притворен тој се жалел на главоболки.

- Повредата му ја нанела Моника со цигла во главата, обидувајќи се да се одбрани од него, наведува изворот и нагласува дека тој се плаши од униформирани лица, стравот му се гледа во очите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2020 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега