Значи ли ова дека е крај- Меган се појави без бурма на раката (ФОТО)
После објавата на Меган Маркл и прицнот Хари дека се повлекуваат од кралските должности, бурата во британските, но и светските медиуми не стивнува.
Имено, Меган и Хари објавија писмо во кое наведуваат дека се повлекуваат од јавниот живот и дека сакаат финансиски да се осамостојат.
„После неколкумесечното размислување и интерни расправи, одлучивме оваа година да направиме промена и да се обидеме да создадеме нова прогресивна улога во оваа институција. Сакаме да се повлечеме како постари членови на кралското семејство и да работиме на тоа да бидеме финансиски независни додека континуирано и во целост го поддржуваме Нејзиното Кралско Височество“, пишува во соопштението на војводата и војвотката од Сасекс.
Писмото го потресе кралското семејство, но и целата јавност.
Но, уште поголем хаос предизвика фотографијата на Меган Маркл, која само неколку часа откако го објавија соопштението, се прошетала низ Лондон, отишла во театар, а сите забележале дека на раката не ја носела бурмата.
Многумина вчерашните случувања и фактот дека Меган не ја носи бурмата, ги опишале како почеток на крајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа