Родители сакале детето да го крстат по ѓаволот, но барањето им било одбиено
Родителите од шведскиот град Упсала се обидоа да му го дадат на своето новороденче името Луцифер, но властите го одбија барањето.
Во образложението се наведува дека името Луцифер има конотација со поимот ѓавол и дека момчето би можело да се соочи со многу проблеми во текот на животот заради неговото име.
На родителите не им е јасно зошто нивното барање е одбиено, тврдејќи дека тие го избрале името заради привлечниот призвук, не затоа што биле приврзаници на сатанизмот.
Интересен е фактот дека има неколку луѓе во Шведска кои се нарекуваат така, но во 2017 година беа воведени порестриктивни закони по ова прашање.
Така, на пример, неодамна маж од околу четириесет години се обиде да го смени своето име во Белзебуб, но барањето беше одбиено од шведските власти, затоа што тоа е име што исто така се асоцира на Сатаната.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа