Брат ѝ ја пронашол мртва во станот: Неда Арнериќ не се јавувала, па на сила ѝ влегле во станот
Неда Арнериќ почина на 67-годишна возраст. Ја пронашол нејзиниот брат Предраг Арнериќ кој рекол дека тргнал да ја посети но наишол на заклучена врата.
Повикал бравар, кој успеал да ја отвори вратата, по што Предраг ја пронашол неговата сестра почината на стол на трпезариската маса.
Итната помош пристигнала веднаш но констатирала само смрт. Немало траги на насилство.
Неда Арнериќ е родена на 15 јули 1953 година во Књажевац и имаше богата актерска кариера.
Актерката има одиграно голем број значајни улоги на филм, серија и театар. Таа влезе во светот на актерството многу рано, а многумина ќе бидат изненадени кога ќе дознаат дека нема дипломирано на Факултет за драмски уметности.
На 16-годишна возраст, Неда се запиша во Академијата за театар, филм, радио и телевизија под професорот Миленко Маричиќ. Сепак, таа не ја заврши Академијата затоа што законот им забранува на студентите од прва и втора година да прават филмови и претстави, а Неда доби бројни понуди што не може да ги одбие.
Во својата долга кариера, Неда Арнериќ има повеќе од 110 филмски и телевизиски улоги и 40 претстави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа