Животот на Неда Арнериќ бил како филм: Била во брак со 32 години постар колега, мајка ѝ се згрозувала

 

Неда Арнериќ почина на 67. години, а брат ѝ со помош на бравар пробвалил во станот, каде ја нашол мртва.

Неда за време на животот снимила бројни филмови, ја нарекувале југословенската Ширли Темпл, а со својата убавина и талент привлекла внимание кон себеси со филмот „Вишна са Ташмајдана“.

За своите улоги рекла: „Немав поим за тоа и играв нешто што не сум го доживеала. Научив многу рано дека на снимање филмови работата за која ќе се договориш со режисерот треба сериозно да се сфати“.

Нејзиниот живот покрај глумата, ја обележале и големи љубови. Секако најголема од нив е докторот Милорад Мештеровиќ, со кој била во брак три ипол децении. Мештеровиќ починал кон крајот на минатата година после долга и тешка борба со ракот, што актерката тешко го поднела.

„Тој мене ми е се, син, брат, сопруг, љубовник и пријател. Толку сум среќна што истуркавме заедно. Имаше разни чуда, не бевме светци, но тој ми е најголем пријател“, искрено рекла актерката.

Пред него била во брак со две познати личности, а поради еден маж многумина се згрозувале, па и нејзината мајка.

Дејан Караклајиќ, бил првиот сопруг и режисер со кој ја снимиле комедијата „Љубовниот живот на Будимир Трајковиќ“, а вториот - легендарниот актер Раде Марковиќ. Поради големата разлика во годините тој брак сите го сметале за југословенската верзија на одност меѓу Френк Синатра и Миа Фароу.

„Ах, Раде Марковиќ и тоа како е значаен за мене. Со него поминав три прекрасни години. Сега се чудам колку беше постар од мене, но меѓу нас се функционираше. Не сфатив зошто сите се згрозуваат и се фаќаат за глава поради нас двајца, на чело со мојата  мајка. Можете да замислите...“

Нивната разлика била 32 години.

Неда никогаш не криела дека често имала пролеми со депресијата, но најдобар лек за тоа бил нејзиниот партнер, кој подоцна го изгубила.

„Иако сум склона кон депресија и таа поминува. Се затворам дома, но со никој не комуницирам и се извлекувам со помош на сопругот со кој сум 35. години“, нагласила актерката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2020 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега