Без никакви оштетувања исчистете ја рамната плоча на шпоретот за само неколку минути - потребна е само една состојка

 

Како на лесен, едноставен и брз начин, во само шест чекори, да го исчистите шпоретот со рамна плоча без ризик да го оштетите?

Шпорети со рамни плочи се повеќе се користат  во кујните, а за домаќинките, нивното чистење можат да биде вистински предизвик.

Нежната стаклена површина е склона кон гребење, особено ако се користат абразивни крпи и силни средства за чистење. Затоа, ќе ви откриеме како многу лесно и брзо, во само шест чекори, да го исчистите шпоретот со рамна плоча, без ризик од оштетување.

Пред  да започнете со чистењето на шпоретот, бидете сигурни дека шпоретот е исклучен и отстранете ги сите остатоци од храна  за да се олесни чистењето на тврдокорните дамки.

Следете ги овие 6 чекори:

  1. Наполнете сад со топла вода, истурете го детергентот и направете пена
  1. Посипете сода бикарбона врз шпоретот
  1. Намокрете крпа во садот со детергентот, исцедете ја, но сепак да остане мокра
  1. Ставете ја натопената крпа врз шпоретот со сода бикарбона и почекајте 15 минути
  1. Потоа избришете го шпоретот со влажна крпа и отстранете ги остатоците од нечистотијата и содата со сунѓер
  1. Ако имате шпорет со контроли на допир, избегнувајте ги поради сензорот
 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2020 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега