„Прекрасно сушстество, не умееше да плива во ова море зло“ - колегите се збогуваат од Неда Арнериќ
Неда Арнериќ почина на 67-годишна возраст, а нејзиниот брат ја пронајде мртва во станот.
Познатите колеги се збогуваат од актерката, шокирани поради нејзината изненадна смрт.
Јелена Тинска била нејзина пријателка од класата, а сега се збогуваше од неа.
„Заедно студиравме глума и подоцна историја на уметност. Неда беѓе една нежна и племенита жена, а никому никогаш не му направи зло. Спомените на неа ми се дружењата со неа и одењето на пире од костен на паузоте меѓу предавањата. Отиде едно прекрасно суштество кое не умееше да плива во ова море од зло. Многу ми е жал“, напиша Јелена.
„Неда беше голема актерка и со право покрај нејзиното име можеше да стои и епитетот легенда. Не работевме многу заедно, но се среќававме низ работата. Во последно време се врати на работата и се чинеше подобро. Голема загуба за српската култура“, напиша Горица Поповиќ.
„Страшно...ужасно се чувствувам“, рекол Богдан Диклиќ за „Пинк“.
„Шокирана сум. Морам да се приберам“, рекла кратко Цеца Бојковиќ.
„Неда Арнериќ, една од првите диви на југословенскиот филм. Имав чест, пред десетина години во Љубљана, да бидам во истиот кадат со неа на снимање на серијалот „Наша мала клиника“. Ти благодарам Недо на сите улоги и нека ти е вечна слава“, напишал Воја Недељковиќ.
„Збогум драга Недо. Нека Бог ти даде рајско место. Веројатно за добрите тоа е загарантирано“, напишала Лилјана Благојевиќ на Твитер.
„Драга Недо, ми беше големо задоволство и привилегија“, напишал на Инстаграм Гордан Кичиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа