Славната актерка сакала да си го промени животот од корен - ова се нејзините последни желби
Речиси нема човек кој не се натажи по за веста која одекна низ целиот регион, а тоа е дека легендарната актерка Неда Арнериќ почина.
Зборовите кои актерката ги кажа во своето последно интервју нема човек на кој не му предизвикаа солзи на очите. Таа признала дека сака да отпатува во Индија и да почувствува строг аскетски живот.
-Цел живот сакав да скокам со падобран, но не се наместија коцките. Пробав да сурфам на даска на бранови, но не се прославив најдобро. Помислив: Ако не успеам од прва, нема никогаш ни да го совладам, па го баталив. Сонував да се искачам на Хималаите, сакав да се занимавам со алпинизам. Ме привлекуваа екстремните спортови, но тоа ќе остане за во некој нареден живот, ако се случи. Сонувам за пензија на Алпите, може и ќе напишам книга за својот живот. Кога имам пауза од актерските улоги се притајувам и правам некои други работи. Аскетизмот претставува одрекување на телесни потреби, а подразбира пост, молитва, јадење само еден оброк во текот на денот и така натаму, неодамна раскажа Неда за своите неостварени желби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа