„Врескав и му вадев крв од уста на Жељко“ - драматична исповед на Цеца за убиството на Аркан

 

На 15. јануари ќе навршат 20 години откако беше убиен некогашниот командант на Српската доброволна гарда и сопруг на пејачката Цеца, Жељко Ражнатовиќ Аркан. Тој ден таа била со него во хотелот Интерконтинентал, а друштво им правела и нејзината сестра Лидија.

Истиот ден инаку во нападот биле ликвидирани и Миленко Мандиќ Манда и Драган Гариќ.

Во нејзината белешка стои дека во кобното попладне со нејзината сестра и Жељко дошле во хотелот и  се упатиле кон бутикот „Ла Франс“, додека Аркан седнал со пријатели во лобито.

Во еден момент слушнала истрели во лобито но не и дале да се приближи. Нејзиниот телохранител се стрчал кон неа со зборовите „пукаа во командантот“ и го побарал пиштолот што Цеца го имала во ташната.

-Собрав сили и истрачав до мажот. Жељко крвареше, се обидов да го реанимиран. Видов дека Манда е на место мртов. Врескав некој да викне брза помош додека на Аркан му ја вадев крвта од устата-изјавила Цеца на полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2020 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега