ВИДЕО: Продавачка нокаутира комунална полицајка во Белград

 

Комунална полицајка доби тупаница во лицето од една продавачка на пазар во Белград.

На социјалните мрежи се појави интересно видео од српскиот главен град во кое може да се види како една жена за која се наведува дека е улична продавачка, удира со тупаница комунална полицајка.

Најпрво продавачката и полицајката се расправаат околу куферот на продавачката за на крајот вербалната расправија да прерасне во физичка пресметка, по која полицајката завршува нокаутирана на земја.

Инцидентот се случил на пазарот Видиковац во Белград во присуство на многу граѓани.

На истата видео снимка се гледа како жената сака да ги спакува работите кои ги продавала во куфер, но и испаднаа по што започна и да ја пцуе полицајката.

По ова интернетот буквално полуди со коментари за поддршка на оваа продавачка, поради притисоците и теророт од страна на полицијата врз граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2020 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега