Прва изјава од претепаниот Миле Китиќ: „Ми бараше песна, па настана хаос“
Српскиот пејач Миле Китиќ доживеал голема непријатност минатиот петок на настап во Базел, кога бил нападнат од гостин во кафеаната во која настапувал.
Непознатиот маж му пришол на пејачот, го повлекол, го турнал од бина и паднал врз него, после што реагирале припадници од обезбедувањето за да спречат поголем хаос.
Снимката од нападот ги приплавила порталите, така и социјалните мрежи, а пејачот во својата прва изјава после инцидентот објаснил што всушност се случило.
„Пејам веќе 48 години, никогаш во животот не сум имал ни најмала непријатност, се досега. Знаете, јас сум искусен, што видам дека е некој ваков или онаков, дека се обидува нешто, јас не приоѓам. Нема каде не сум пеел, и за време на војната, а вакво нешто не сум доживеал“,, започнал Миле.
„Пеев во петокот вечерта во Базел, дојде еден гостин и ми рече: „Дали може таа и таа песна?“, јас му реков: „Почекај, не можам да ја прекинам оваа сега што ја пеам“. Јас на него убаво му објаснив, само да го завршам ова, не можам среде песна да прекинам и да пеам друга песна. Не ми даде никакви знаци дека е агресивен. И он мене за ракав ме повлече доле, имаше неколку скали, јас се сопнав на нив и паднав, Веднаш дојде обезбедување и го тргна од мене, истиот момент го изнесоа. Немаше удирања, но излезе таа грда слика, на снимката не изгледа така. Ме повлече од бината во револт, видов, со намера да ми наштети. Но верувајте ми, да забележев нешто, дека пцуе, дека е агресивен, дека има намери, дека ме гледа, јас веднаш би му рекол на обезбедувањето, но не забележав, само најнормално му рекол дека не можам во истиот момент да отпеам друга песна“, објаснил Китиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа