Неда Арнериќ имала последна желба - актерката на својот брат му оставила во аманет една работа

 

Последната желба на 67-годишната Неда Арнериќ, која почина во петокот, била да биде погребана тајно, само во присуство на најблиските членови на семејството и пријателите.

Покојната актерка која беше пронајдена мртва во петокот во својот стан, оставила во аманет да биде кремирана и положена на Новите гробишта, покрај својата најголема љубов, сопругот Милорад Мештеровиќ, кој починал кон крајот на 2018 година, дознава Информер.

Тоа го потврдила и пријателката на актерката и колешката од каласата Јелена Тинска.

-Познавајќи ја Неда, верувам дека нејзината желба била да биде погребана без публицитет и да биде заедно со својот Миле - рекла Тинска.

-Боледуваше од депресија. Упадна во безнадежност, затоа што прерано влезе во светот на филмот и го прескокна детството, младоста. Влезе во сериозните години немајќи право за спомени, кои ние ги имаме кога живееме некој друг живот. Меч со две острици е кога сте окупирани со кариерата. И годините поминуваат, спласнува фасцинацијата со кариерата, се случува да немате доволно улоги и да упаднете во депресија - наведува Тинска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2020 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега