Денеска е Свети Василиј, обичаите за овој празник се задржале до ден денес - што не треба да направите

 

енеска е Обрезание Господово и Св. Василиј Велики.

Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Обрезанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква.

Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството. Денес се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил голем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење.

Се упокоил во 379 година.

Според старите верувања на овој празник треба да се направат колачиња василици. Во некои домови се подготвуваат и пити со паричка и се верува дека на оној кој ќе му се падне ќе има плодна и напредна година.

На овој празник некогаш се предвидувало и времето. Постои верување дека доколку падне снег и биде облачно денеска, таква ќе биде цела година. Доколку биде суво, се очекува суша.

Најважниот обичај е секако молитва за избавување од неволји, здрав воздух, родна година и искрена и вистинска верба.

Исто така треба да биде ден на мирот и љубовта, затоа избегнувајте конфликти и чувајте ја својата душа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2020 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега