Оваа бактерија е тивок убиец кој го јаде стомакот - ова се симптомите

 

Една од најчестите инфекции во светот е инфекцијата на желудникот со бактеријата Хеликобактер пилори.

Најновите медицински испитувања покажуваат дека оваа бактерија има живеалиште кај 80-90% од луѓето во неразвиените земји. Локализирана е во слузта над епителот на желудникот, каде има совршени услови за живот и до неколку децении.

Голем број лица со инфекцијата немаат стомачни тегоби. Кога се присутни, најчесто се јавуваат болки во горните делови на стомакот, мачнина, надуеност, отежнато варење, некогаш и повраќање. Кога ќе дојде до настанок на улкус, т.е. чир, болките или чувството на печење во горните делови на стомакот се зголемуваат, често се јавуваат еден час или повеќе после оброкот и многу често во текот на ноќта. Овие симптоми најчесто се намалуваат или времено се отстрануваат со лекови кои го намалуваат или спречуваат лачењето на желудочната киселина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2020 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега