Првото дете го добила на 14. години, а сега го очекува 22-то: Сопругот го запознала кога имала само 7. години
Семејството Редфорд не е познато само во рдоната Британија, туку и ширум планетата, а тоа нас не не чуди - со оглед на фактот колку членови има. 44-годишната Сју и 48-годишниот Ноел имаат 21 дете, а пред неколку месеци обелоденија дека го чекаат и 22-то.
Сју неодамна проговорила за последната бременост, истакнувајчи дека второто тромесечје ѝ е многу стресно. Таа преку Јутјуб видеа објаснила дека има компликации со плацентата.
И покрај тоа оваа 44-годишна мајка вели дека трудничките денови буквално ѝ летаат.
„Јас сум сега 27. недела, така уште уште само 12 недели и таа ќе биде овде. Неверојатно ми е колку времето ми поминува, како да лета“, рекла и додала дека има повеќе енергија отколку во претходните бремености, затоа што бебето помалку удира.
Оваа влогерка, која ја следат над 130.000 луѓе, истакнала дека е целосно здрава и многу агилна.
„Немам болки во грбот и не се чувствувам големо како во претходните бремености. Дефинитнво сум помала“, рекла Сју.
Инаку, нејзиниот најстар син Крис сега има 30 години, а најмладата ќерка Бони Реј е родена во ноември 2019 година. Само две од сите деца не живеат со родителите, а Сју и Ноел се веќе баба и дедо - нивната 25-годишна ќерка Софи веќе има 3 деца.
Интересно е тоа што Сју и Ноел се запознале кога таа имала само 7 години, а оваа супермама, како што ја нарекуваат Британците, првото дете на свет го донела кога имала само 14. години. После раѓањето на 9-то дете Ноел подлегнал на реверзибилна вазектомија, но парот сепак се предомислил, па повторно отишле под нож.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа