Актерот кој го глумеше Изет во „Луд, збунет, нормален“ призна дека боледува од рак на белите дробови

 

Легендарниот актер Мустафа Надаревиќ јавно призна дека страда од малигна болест на белите дробови и се придружи на кампањата „Дишеме за живот“.

Актерот зборуваше за својата болест и верува дека ќе ја победи.

"Кога сфатив дека тоа е дел од животот, болеста е дел од животот, тогаш ја прифатив. Кога прифаќате нешто со љубов, тогаш може да се победи оваа болест", рече тој за босанските медиуми.

Тој испратил порака до секој што припаѓа на ризичната група, односно долгогодишните пушачи.

„Можам да им кажам да не бидат толку примитивни како што сум јас, да се исплашат од докторот. За мене, докторот ми беше страшен уште како мало дете, од забар па натаму, сè ми беше ужасно. Добро е да се оди навреме на прегледи, зашто тогаш можноста за излекување е поголема “, заклучи тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2020 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега