Славела роденден, па споделила фотографија со тортата, по неколку дена ја исфрлиле од училиште поради објавата

 

Ученичка од средно училиште во прва година во Кентаки е исфрлена од училиште  поради објава на фејсбук.

Тинејџерката за својот 15 роденден носи џемпер со боите на виножитото, а пред неа стои и торта со истите бои.

-Беше пресреќна, изгледаше преубаво. Како мајка ја фотографирав со тортата и фотката ја објавив на фејсбук“ рекла нејзината мајка и вели дека не очекувала дека ќе биде исфрлена од училиште поради боите кои се заштитен знак на ЛГБТ заедниците.

Неколку дена по објавената фотографија пристигнал меил дека Кајли е исфрлена од училиште поради објавата.

Фотографијата наводно се косела со верувањата на Академијата Вајтфилд, а семејството вели дека немало никаква поврзаност ниту пак скриено значење во боите.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2020 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега