Шлаканица за Меган и Хари, канадски весник напиша: „Не сте добредојдени во нашата земја“
Најдобрите канадски весници велат дека принцот Хари и Меган Маркл не се добредојдени да живеат во познатата пријателска земја, затоа што тоа е неуставно.
Во остриот вовед на „Globe and Mail" се вели дека планот на кралското семејство да се пресели во земјата на јаворовиот сируп и хокејот ги крши законите кои ги има државата со која некогаш Британците управувале, подалеку од монархијата.
„Како одговор на изненадната најава на нејасниот план на војводата и војвотката од Сасекс - принцот Хари и Меган - да се преселат во Канада, а да останат дела од кралското семејството, одговорот на премиерот Трудо треба да биде едноставен и отсечен: „Не!“, наведува весникот.
„Добредојдени сте да не посетите, но се додека сте високопозиционирани членови на кралското семејство Канада не може да ви дозволи да останете...Тоа руши непишани уставни табуа“, пишува весникот.
„Деликатното и суштинско место на монархијата во нашиот уставен систем, значи дека кралски станар - принцот кој е шести во редот за трон - не е нешто што Канада може да го дозволи“, се вели.
„Кралскиот живот во оваа земја не се согласува со долгогодишната природа на односот меѓу Канада и Британија и Канада и круните. Ако сте постар член на нашето кралско семејство, оваа држава не може да стане ваш дом“.
Инаку, весникот „Globe and Mail" се штампа во петте најголеми градови во Канада и се смета за еден од највлијателните во таа земја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа